Георгиев: Зошто веќе никој не го спомнува датумот

„Зошто веќе никој не го спомнува датумот за почеток на преговори? Стана ли одеднаш неважен датумот за нас или стана беспредметно ЕУ да зборува за датум за држава која ја тресат тешки скандали, прашува универзитетскиот професор и поранешен потопретседател на СДСМ, Гордан Георгиев во колумна за „Дојче веле“.

„Што и’ се случи летово на државата која се чинеше дека, и покрај се’, ќе го истурка мачниот процес на стабилизација и ќе навлезе во помирни води.

Молкот на странците сите го слушаме, оставени сме сами да се справуваме со пролетно-летните афери и да покажеме дека „институциите на системот“ се резистентни на вакви шокови. Како што доликува на една држава-кандидат за членство во ЕУ. Фер.

Сите сме во некакво исчекување на разврската која никако да дојде. И никако не можеме да разбереме зошто не се пристапи кон брзо и темелно решавање на скандалите, сега кога навистина сме под дебела европска лупа и кога многумина од нашите европски пријатели не се подготвени пријателски да ни го простат и ова.

Ова наше неразбирање буди реални сомнежи дека нешто навистина има да се скрие и тоа нешто е поголемо и поважно за самите актери во аферите отколку отварање на чист пат кон датумот во октомври“, пишува Георгиев.

- Реклама -