Геоинженеринг – ефикасно решение против глобалното затоплување, но премногу страшно за да го примениме

Потенцијален лек за глобалното затополување постои, но и самите научници се плашат да го употребат.

Станува збор за предлогот што долго кружи во круговите на геоинженерите, кој се темели на „распостелување“ на ситни честици од сулфати во повисоката атмосфера, со цел да се рефлектира сончевата светлина назад во вселената.

Научниците знаат дека ваквото решение „ќе работи“, бидејќи слично нешто се случува и при вулкански ерупции. Од друга страна, најголем дел од нив се плашат да го спроведат, бидејќи не е јасно дали човештвото ќе успее ваквата вештачка промена на атмосферата да ја исконтролира, и евентуално, еден ден, да ја врати во првобитната состојба.

Метју Вотсон од Универзитетот од Бристол вели: „Ова нешто ме преплашува. Јасно е дека температурите можат да бидат редуцирани, но потенцијалот за грешка е голем“.

Научниците користеа компјутерска симулација на вулкани, како модел за имитација на ефектот што соларното геоинженерство би го имало. На компјутерска симулација се темелат проценките за безбедноста и на многу други предлози за менаџирање на климатските промени.

Вотсон предупредува дека и покрај ризиците, човештвото, порано или подоцна, може да биде присилено да се потпре на оваа технологија. „Целосното имплементирање на климатските инженерски технологии ќе биде најсилната индикација дека сме потфрлиле во улогата на планетарни домаќини, но ќе дојдеме до точка кога неимплементирањето на некои технологии ќе биде неетично“. Со други зборови, ќе мораме да го избереме помалото (?) зло, а најлошата алтернатива би била да не преземеме ништо и да чекаме да не снема од лицето на Земјата.

„Со идентификување на ризиците, се надеваме дека ќе допринесеме во базата на докази околу геоинженерингот, што ќе одредат дали имплементацијата, под закана од климатски промени, ќе донесе повеќе добро, отколку штета“, вели Вотсон.

Во превод, научниците допрва ги одредуваат сите можни штетни ефекти од вештачката промена на глобалната атмосфера, надевајќи се дека добрите нешта ќе натежнат, што во никој случај не остава надеж дека имплементацијата на геоинженерските решенија ќе помине без сериозни последици по човештвото.

Инаку, научниците веќе долго време разговараат на овие теми, а постојат и сериозни сомневања дека ваквиот проект на полнење на атмосферата со метали е веќе започнат. Добар дел од оние наклонетите на теории на заговор ги поврзуваат тн. chemtrails токму со климатскиот геоинженеринг.

chemtrails1

- Реклама -