Географските карти како пропаганда

Отсекогаш војните се воделе не само за територии, но и за умовите на масите. Притоа, важна улога во конфликтите играла, игра, и ќе игра – пропагандата. Пропагандата пак, знае да биде груба, но знае да биде и „блага“ и суптилно да го менува мислењето на луѓето. Уметниците од сите времиња и од целиот свет, многу често учествувале во овој „поблагиот“ дел, „уништувајќи го“ непријателот, а прикажувајќи ја својата страна во најдоброто светло. Едно од нивните оружја се таканаречените симболични карти. На пример, во многу од нив ќе ги најдете земјите претставени како животни, разни птици или луѓе. И нормално, изборот не е случаен и зависи од моменталната ситуација и распределба на силите. Еве неколку примери:

1(2579)[1]

^ Европа во годините на Кримската војна (1853-1856), видена низ очите на француски сликар.

2(2887)[1]

^ Мапа на стариот свет, 1870 година.

3(2610)[1]

^ Американска карта на Европа, 1877 година. Русија е претставена како октопод кој ги подава своите пипала во сите правци, Грција (претставена како рак) „ја штипе“ Турција, а Англија и Ирска ги набљудуваат конфликтите на европскиот континент од дистанца, од безбедно растојание во океанот.

4(2211)[1]

^ Европа во 1882 година преку очите на француски сликар.

5(1874)[1]

^ Швајцарска карта, на која се прикажани немирите во Стариот свет кои се случуваат во 1887 година.

6(1582)[1]

^ Европа во пресрет на Првата светска војна, јануари 1914 година. Германски уметник ја претставува распределбата на силите пред претстојниот конфликт.

7(1373)[1]

^ 1915 година низ очите на германски уметник. Војските на Германија и Австро-Унгарија ги демолираат противниците и го прошируваат своето владеење.

8(1131)[1]

^ Светот во 1916 година, според јапонски уметник.

9(993)[1]

^ Италијанска карта, 70-те години на 19 век.

10(845)[1]

^ Сатиричен приказ на Стариот свет, во 1888 година, претставен од германски уметник.

11(659)[1]

^ Европа и Русија во почетокот на Првата светска војна. Карта насликана од јапонски уметник, 1914 година.

- Реклама -