И Генералниот секретар на Владата – Мухамед Зекири, се вакцинираше против ковид-19

Покрај премиерот Зоран Заев, денеска се вакцинираше и Генералниот секретар на Владата – Мухамед Зекири. И двајцата ја примија првата доза од вакцината која ја има на залиха, а тоа е кинеската „Синофарм“.

Слично како и Заев, и Зекири порача дека со примањето на вакцината ја извршил својата лична и граѓанска должност.

„Ве повикувам и сите вас да придонесете во борбата против невидливиот непријател Ковид-19“, порача Генералниот секретар на Владата.

- Реклама -