General Motors го реновира седанот Chevrolet Malibu

Американскиот концерн General Motors го претстави обновениот Chevrolet Malibu за моделската 2014, една година откако осмата генерација на седанот беше лансирана на пазарот во САД.

Возилото доби изменета маска, позајмена од Chevy Impala и нова конструкција на задните фарови. Во ентериерот е редизајнирана централната конзола, има специјален држач за два телефони, продолжени нови седишта (дозволувајќи да се зголеми назад просторот за нозете за 3 cm). Основниот 2014 Chevrolet Malibu e со 2.5-литарски 4-цилиндeрски мотор Ecotec со моќност од 199 КЅ и вртежен момент од 253 Nm. Системот старт/стоп придонесува за заштеда на гориво во градски услови до 5% или 12,3 l/100 km.

282_malibu-470

На автопат возилото троши 8,1 l/100 km. Освен тоа, обновениот седан ќе биде достапен и со 2.0 литарски турбо мотор со моќност од 263 КЅ и зголемен за 14% вртежен момент до 400 Nm.

247_malibu-470-2

GM го опреми новиот Malibu со нови амортизери, поинаков мултифункционален управувач и сопирачки. Автомобилот ќе биде достапен уште со систем за контрола на мртов агол и функција за предупредување од несреќи во крстосниците. Цените ќе бидат објавена непосредно пред појавата на 2014 Chevrolet Malibu кај дилерите оваа есен.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -