Генерал Мили: Украина веројатно ќе плати висока цена за контраофанзивата

Украина бележи постојан напредок во својата сè уште нова контраофанзива против руските сили, но цената веројатно ќе биде висока, изјави началникот на Здружениот Генералштаб на вооружените сили на САД, генерал Марк Мили.

Тој, на прес-конференција во седиштето на НАТО во Брисел, истакна дека „борбите се екстремно насилни и веројатно ќе потраат долго време, а цената ќе биде висока“.

Мили го пофали лидерството, умешноста и моралот на украинските сили и го спореди со Русија.

„Нивното раководство не е нужно кохерентно, моралот на нивните војници не е висок, и тие се во дефанзива, а дури многу од нив не знаат зошто се таму“, посочи Мили.

МИА

Прочитајте и:  Украина: Новата хиперсонична руска ракета развила брзина поголема од 11 маха (речиси 3.8 километри во секунда)
- Реклама -