Хилда Кнот е заразена со видео игри. Не се одвојува од својот PlayStation 3 што ѝ е поврзан за телевизорот со висока резолуција со екран од 65 инчи. И уште нешто, Хилда во февруари ќе наполни 86 години.
Во светот на видео игрите Хилда поминала повеќе од четири децении, затоа што, како што вели, тоа ѝ помага во одржување на менталната активност. На нејзиното мени се игрите GTA, Disgaea и Sorcery.
Хилда вели дека не ги сака игрите само поради менталната стимулација. Таа ужива во откривање на бројни детали, премини на нови нивоа…Посебен предизвик за неа претставуваат тактиките и нивното спроведување.
Интересно е дека страста кон видео игрите ја дели со 90-годишниот пријател со кој заедно ужива во GTA авантурите.
Времето го исполнува со бројни сложувалки и слични предизвици, признавајќи дека сето тоа го прави на нејзиниот iPad.