Тодор Гечевски беше човекот на одлука за МЗТ Скопје, во триумфот над Широки Бријег (71-72). Искусниот центар уште еднаш покажа дека има прецизна рака и од далечина, погодувајќи „тројка“ во самата завршница, а со својата игра заслужи место во иделната петорка на 15.коло од АБА-лигата.
[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=h7t_p_gn2MA[/youtube]
Со 27 индексни поени, Тодор Гечевски се најде на четвртото место меѓу најкорисните кошаркари од изминатото коло. Заедно со него, во идеалната петорка се наоѓаат и Ромео Тревис (Задар), Сеад Шеховиќ (Шолнок), Александар Чапин (Раднички) и Жељко Шакиќ (Широки).
Ѓорѓи Чековски, кој беше најефикасен во редовите на МЗТ Скопје на мечот со Широки, со 21 постигнати поени, се најде на петтото место на листата на најдобри стрелци. Тодор Гечевски е второпласиран во категоријата најдобри скокачи, со 12 скокови што ги оствари на средбата со Широки.
Во категоријата – украдени топки, двајцата првопласирани кошаркари се од МЗТ Скопје. На првата позиција е Дамјан Стојановски со пет украдени топки, а Тодор Гечевски е втор, со четири украдени топки.