Гебрејесус бара мораториум за трета доза вакцина против Ковид-19

Женева, 4 август 2021 (МИА) – Директорот на Светска здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска побара воведување на мораториум за дополнителни дози вакцина против Ковид-19, барем до крајот на септември.

Според него, ова е неопходно за да може да се вакцинираат најмалку десет проценти од населението со две дози на која било земја во светот, што е и целта на СЗО.

Мораториумот ќе овозможи да се испратат повеќе вакцини во земјите со ниски приходи каде има недостаток. Треба да се фокусираме на луѓето кои се најранливи и најмногу изложени на ризик од сериозни болести или смрт, тие треба да ја добијат првата и втората доза, истакна Гебрејесус.

- Реклама -