Со 2.895.915.000 прегледи, музичкиот спот на Wiz Khalifa за песната „See You Again“ го симна од врвот досега најгледаното YouTube видео на сите времиња, спотот на Psy од 2012-та година.
„See You Again“ ја нема глупо-смешната кореографија и заразноста што „Gangnam Style“ го направија вирален хит, ама си има своите „јадици“. За почеток, песната беше дел од саундтракот на „Furious 7“ од 2015-та – седмото продолжение на една од најпопуларните филмски франшизи во историјата. Исто така, песната на Wiz Khalifa воедно е и трибјут за Пол Вокер; и самиот спот е прошаран со сцени од Fast & Furious во кои Вокер ја имаше главната улога.
Како што истакнува BBC, гледаноста на „Gangnam Style“ беше толку голема што во 2014-та YouTube беше приморан да го надгради мерачот на гледаност од 32-битен на 64-битен „интеџер“. Во меѓувреме границата од 2 милијарди прегледи ја поминаа и „Sorry“ на Џастин Бибер, и „Uptown Funk“ на Бруно Марс.
Енивеј, моменталниот лидер:
Сепак, веројатно „See You Аgain“ нема долго да трае на врвот – „Despacito“ веќе има повеќе од 2.485.501.000 прегледи, а објавено е оваа година.
The Verge