„Game of Thrones“: Ова не сте го знаеле!

Ви претставуваме интересни факти за, како што многумина ја нaрекуваат, најдобрата серија на сите времиња „Game of Thrones“.

1.Питер Динклејџ е првиот избор за улогата на Тирион. Продуцентите всушност не ни организирале аудиција, туку веднаш го повикале него.

HBO promo

2.Истото било и со Шон Бин за улогата на Нед Старк. Сепак, аудицијата била одржана за секој случај, ако славниот глумец се предомисли.

eddard-ned-stark-1024

3.Лена Хедеј која ја глуми кралицата Серсеи и Питер Динклејџ биле добри пријатели и пред снимањето на серијата. Всушност, Питер им ја препорачал Лена на продуцентите.

4.Софи Тарнет (Санса Старк) и Мејси Вилиамс (Арја) се добри другарки и во приватниот живот.

HBO promo

5.Николај Костер Валдау толку многу ја засакал сцената во која Тирион му удира шлаканица на Џофри што ја гледал на repeat најмалку 10 минути.

HBO promo

6.Повеќето главни актери не ги прочитале книгите. И тоа не затоа што се долги, туку затоа што не сакале да дознаат што се случува со нивните ликови затоа што тоа би влијаело на нивната глума.

HBO promo

7.Џорџ Мартин своите планови за крајот на серијата веќе им ги раскажал на продуцентите во случај да умре пред крајот на снимањето.

HBO promo

8.Џорџ Мартин му честитал на младиот Џек Глисон за улогата на принцот Џофри. Џорџ вели дека тој е многу шармантно момче. Во честитката навел дека одлично ја одиграл улогата и дека поради тоа сите го мразат, односно неговиот лик.

HBO promo

9.Мајката на актерката Мејси Вилијамс (Ајра) не и дозволила да ги чита книгите затоа што не биле за млади девојчиња.

HBO promo

10.Јазикот Дотраки, куќата HBO ја направила во соработка со Друштвото за развој на јазиците. Експертот Дејвид Петерсон го смислил јазикот со 1 700 зборови за почеток, а сега има преку 3 000.

HBO promo

11.Продуцентите велат дека јајцата од змејовите им направиле големи проблеми. Конечната верзија ја дизајнирала Џема Џексон, а оригиналната ја добил Џорџ Мартин како свадбен подарок во 2011 година.

HBO promo

12.Џејсон Момоа (Кал Дрого) на аудицијата играл хавајски танц.

HBO promo

13.Алфи Ален (Теон Грејџој) е роден брат на пејачката Лили Ален.

HBO promo

- Реклама -