Game of Thrones го престигна Џорџ Р.Р. Мартин

 

Авторот на “Игра на престоли” Џорџ Р.Р. Мартин ги потврди стравувањата на своите фанови дека го испуштил крајниот рок за предавање на новата книга за печатење.

Тоа значи дека фановите ќе можат да ја гледаат следната сезона на серијата, пред да се појави шестата книга од серијалот.

Крајниот рок за предавање на книгата беше 31 декември, но Мартин не успеал да го исполни.

got

Писателот работи заедно со авторите од HBO и продуцентите, за да помогне при создавање на серијата базирана според неговите книги, но кога на почетокот на април ќе започне новата сезона на Game of Thrones, книгата сè уште нема да биде објавена.

“Со месеци не сакав ништо повеќе од тоа да можам да кажам: ја завршив и ја предадов за печатење книгата Winds of Winter на последниот ден од 2015 година. Книгата сепак не е завршена.” – пишува Мартин на својот блог.

Тој додава дека нема да биде завршена ниту утре, ниту по недела. Напишани се стотици страници и десетици поглавја, но сè уште има многу работа. Писателот прецизира дека со месеци работи на завршувањето на книгата, но понекогаш се случуваат и вакви работи.

Мартин вели дека нема оправдување што фановите на книгите ќе дознаат дел од настаните пред да ја прочитаат книгата. Тој нагласува дека самиот е виновен за тоа и ниту уредниците, ниту издавачите, ниту HBO имаат било каков удел.

- Реклама -