Галијани: Кака плачеше додека зборувавме на телефон

Потпретседателот на Милан, Адриано Галијани го поздравува гестот на Кака кој побара да не зема плата додека е повреден.

Кака се повреди на своето деби по враќањето во Милан, Бразилецот побара да не добива плата додека е надвор од теренот.

„Кака направи исклучителен гест со тоа што одлучи да не биде плаќан додека е повреден” – изјави Галијани.

„Заслужува да биде поздравен”.

„Кога зборував со него на телефон, тој плачеше поради повредата. И нема ништо срамно во тоа”.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -