Иако Galaxy S4 е достапен во продажба само неколку месеци, сепак Samsung работеше напорно на неодамна претставените модели на Galaxy S4 – Galaxy S4 Active и Galaxy S4 Zoom, но и тоа дека јужнокорејската компанијата веќе сериозно е посветена и на својот следен предводник на смартфон.
Критичарите во минатото ја осудуваа компанијата за својата прекумерена употреба на пластика, која многумина тврдат дека ги прави своите уреди да изгледаат и да даваат чувство на евтини уреди.
Конкурентите како HTC, Sony и Nokia се обидуваа да профитираат на недостатокот на Samsung со објавување на смартфони направени целите во метал како што се HTC One, Xperia Z и Lumia 925. Но според најновите информации од Android, Galaxy S5 ќе биде дел од стратегијата “Design 3.0″ на компанијата и ќе биде првиот Samsung смартфон кој ќе има алуминиумска градба.
Сепак, новиот дизајн ќе има свои недостатоци. Алуминиумска конструкција значи дека Galaxy S5 нема да има батерија која се менува, едноставна функција што претходните сопственици на Galaxy ја ценеа. Како и да е, Galaxy S5 не се очекува да биде објавен до следната година.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk