Samsung Galaxy s4 ќе има осум-јадрен процесор?

Гласините за излегувањето на Samsung Galaxy s4 односно за неговите спецификации се се поприсутни. Најновите шушкања се дека s4 би имал осум-јадрен 1.8GHz процесор кој ќе му дава моќност на телефонот. Ќе доаѓа со Jelly Bean 4.2.1 верзија на Android оперативниот систем.

Бројот на моделот е SHV-E300s односно GT-I9500, кои претходно се спомнувани како идентификувачи на Galaxy s4 низ разните шпекулации. На скриншотот направен со AnTuTu бенчмарк апликацијата се открива 1.8GHZ процесор, што е наредна генерација на осум-јадрениот Exynos 5 Ocka чип на кој Samsung работат на развивање.

Octa процесорот треба да овозможи повеќе моќ и брзина, но и подолготрајна батерија, која ќе биде клучна ако од Samsung одлучат да го зголемат екранот на телефонот повторно.

Постојат шпекулации дека Galaxy s4 би можел да се појави на Светскиот конгрес за мобилни наредниот месец во Барселона, но многу поверојатно е дека овој долгоочекуван смартфон би се појавил на пазарот на крајот на месец мај односно почетокот на јуни.

 

- Реклама -