Големо разочарување: Galaxy Note III без оптичка стабилизација на сликата

Новата вест поврзана со престојниот фаблет Samsung Galaxy Note III е големо разочарување бидејќи Samsung не успеал навреме да обезбеди дел за камерата кој овозможува оптичка стабилизација на сликата како кај смартфоните од најновата серија на Nokia Lumia.

Samsung-Galaxy-Note-3

Galaxy Note III наместо тоа ќе има обична камера, но компанијата вложува дополнителни напори таа да има врвен квалитет за да се покрие недостатоткот на оптичка стабилизација на сликата (OIS).

note-3

Oваа најнова технологија ја поседуваат речиси сите нови врвни смартфони, меѓу кои и посебната верзија на Samsung Galaxy S4 Zoоm, но токму тоа ќе биде голем недостаток за Samsung Galaxy Note III за кој е потврдено дека ќе биде претставен на 4-ти септември. Доколку се занемари недостатокот на камерата, овој фаблет и понатаму ќе биде еден од најдобрите уреди на пазарот бидејќи ќе поседува врвен хардвер.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -