Galaxy Note 4 доаѓа со најквалитетниот Quad HD дисплеј

AU Optronics објави дека успешно го завршиле проектот за произведување на најквалитетниот дисплеј во овој момент кој го исполнува Quad HD стандардот на резолуција. AU Optronics е познат како еден од најквалитетните производители на екрани и е редовен партнер на Samsung со што се претпоставува дека токму овој 5.7 инчен панел ќе биде употребен кај најавениот фаблет Galaxy Note 4.

Панелот на AU Optronics има големина од 5.7 инчи, поседува Quad HD резолуција од 1440 х 2560 пиксели и густина на сликата од високи 513ppi. Тоа што го одвојува од 6 инчниот Vivo Play XD и Oppo Find 7 е употребата на Super AMOLED технологијата која за прв пат достигнува 2K HD резолуција, за разлика од LCD дисплејот кај првите два смартфони од оваа категорија.
Текстот е обајвен во соработка со Telefoni.mk
- Реклама -