Галант го предупреди Иран дека може да ја доживее судбината на Газа и Бејрут

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска го предупреди Иран дека може да помине како Газа или Бејрут, доколку се обиде да му нанесе штета на Израел.

– Иранците не ја допреа способноста на нашите воздушни сили, ниту еден авион не е оштетен, ниту една ескадрила не е ставена надвор од функција, соопшти Галант, мислејќи на неодамнешниот ирански ракетен напад врз Израел.

– Кој и да мисли дека обидот за нанесување штета ќе не одврати од акција, треба да ги погледне нашите постигнувања во Газа и Бејрут, додаде Галант.

Иран соопшти дека во ракетниот напад во вторникот биле погодени две воздушни бази на Израел, што било одговор на убиството на лидерот на либанскиот Хезболах Хасан Насала и иранскиот генерал Абас Нилфорушан во нападот на Бејрут на 27 септември.

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант

Галант денеска ја посети воздушната база Неватим во пустината Негев, која била погодена од иранските ракети.

Експерт кој анализира сателитски снимки и видеа на социјалните мрежи, изјави дека базата била директно погодена 32 пати, пренесува британски „Гардијан“.

Галант изјави дека израелските воени операции не се нарушени и дека Израел е силен и во одбрана и во напад, што ќе го покаже на начин, време и место што ќе го избере.

Иран во вторникот истрелал околу 180 ракети врз Израел, од кои повеќето биле пресретнати, како што тврдат израелските официјални лица.

- Реклама -