Гајзер откри како првпат ги добил материјатлите со кои го обелодени случајот „Рекет“.

Уредникот на весникот „Ла Верита“, Ларис Гајзер, уште од средношколските денови почнал да се интересира за Македонија и македонското прашање. Во интервју за „Алфа телевизија“, тој откри како првпат ги добил материјатлите со кои го обелодени случајот „Рекет“.

Гајзер неколкупати ја посетил Македонија, а материјалите ги добил од пријателите кои ги стекнал тука, а тимот на „Ла верита“ бил доволно храбар за да ги објави.

Сите прашуваат дали имаме уште документи, Да, сè уште истражуваме неколку случаи, можам да ви кажам отворено, но, ова му кажав и на вашиот министер за надворешни работи – вие имате ги имате сите материјали, вашите политичари, вашите креатори на мислења, вие имате сè.

Ако јас ги имам, тоа е затоа што и некој друг ги има. Сите знаат каков мафијашки систем владее со земјата, токму поради тоа засега нема да објавиме други информации, бидејќи ги почитуваме нашите извори и нивната безбедност, рече Гајзер.

Интервјуто за Алфа

- Реклама -