Гајсер: Ќе објавиме дополнителни докази кои покажуваат директна контрола од државниот врв

Објавата од страна на Ла Верита изминатите денови, по однос на документацијата и видеата коишто докажуваат постоење на длабока корупција во македонскиот политичко-судски систем, како и криминална злоупотреба на државата, предводена од премиерот Заев, на штета на граѓаните и политичките опоненти, ги носи првите правни последици.

Откако Претседателот на државата Пендаровски се огради од Зоран Заев, веднаш по објавувањето на скандалот, и неговота комплетна поддршка за храбрите и чесни судии, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во изминатите денови испраша доста сведоци поврзани со случајот “Рекет” . Помеѓу сведоците слушнати во вторникот, беше и Катица Јанева, Специјална обвинителка фаворизирана од ЕУ на Јункер и Могерини со цел Зоран Заев да може легално да дојде на власт по скандалот со нелегално добиените прислушувања во 2015та, за да се уценува политичкиот противник Никола Груевски, исто така посочен како глава на еден систем на злоупотреба длабоко вкоренет во државата.

Објавените видеа од наша страна силно ја осомничија Јанева за изнуда против обвинети лица, та дури и лица под истрага токму од нејзина страна. За помалку од 24часа по нејзиното сведочење, Катица Јанева е уапсена.

Обвинителот Јовески за неа побара 30 дневен притвор поради сомнеж за злоупотреба на должноста во случајот “Рекет” и и’ ги заплени компјутерите во коишто тешко дека ќе се најде некаков доказ со оглед на тоа што е поминато доста време од обелоденувањето на скандалот.

На прес конференцијата одржана од Јовески, заедно со јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Рускоска, се почувствува дека таа (Рускоска) силно инсистира дека е потребно Јанева да биде притворена.

Со оглед на тоа што Вилма Рускоска точно пред месец дена, зборувајќи за колешката Јанева, подвлекуваше јавно дека не гледала никаков мотив Катица Јанева да избега или да се гони, се потврдува фактот дека Ла Верита во овој период ефективно одигра корисна услуга од јавен карактер. Сето ова не тера да мислиме на сценарио во кое, доколку не дојдевме до аудио-документацијата и не ја објавевме, судскиот систем предводен од Вилма Рускоска, омилената на Зоран Заев, ќе стореше се’ за да ги заташка доказите и случајот.

Токму во вторник Јордан Камчев, односно човекот предмет на изнуда во нашите видеа, потврди дека сето она што е објавено од наша страна е дел од доказниот материјал којшто тој веќе го предал пред повеќе недели на македонските судии. Сега на сите им е јасно дека се до нашата интервенција овој материјал не бил земен сериозно в предвид од страна на обвинителскиот врв предводен од Рускоска, жената којашто не случајно Зоран Заев сакаше да го земе местото на Катица Јанева и да продолжи со работа.

Доказ за тоа дека Зоран Заев во Македонија го контролира и судскиот систем, дел од новинарскиот и секако политичкиот, се фактите коишто следуваа во последниве денови. Семоќниот човек се обиде да ја дискредитира нашата работа, секогаш посветена кон потрага по вистината, обвинувајќи нe’ дека сме сакале да го саботираме патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.

Неговите обвинувања се распаднаа како кула од карти со оглед на тоа што е потврдено дека нашиот весник од секогаш ги бранел северноатлантизмот и здравиот европеизам како важни вредности во општеството. Но, фактот дека тој (Заев) манипулира како ќе посака со судскиот систем го потврди, по психолошкиот пресврт во Македонија – по нашите откритија, екс-министерот за правда од редовите на ДУИ, Блерим Беџети, којшто рече дека во минатото Заев често пати му барал да влијае на членовите на Судскиот совет со цел да изберат нов претседател на важен суд, поприлагодлив на барањата на премиерот.

Во очекување дека Ла Верита, денот кога ќе бидеме сигурни за безбедноста на нашите извори, ќе може да ги објави дополнителните докази кои ги има и кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите околу изнудувањето, Катица Јанева изгледа дека е осудена да стане “громобран” за сите оние, судии и политичари, коишто се инволвирани во скандалозниот систем за изнуда и погрешно раководење со државата за време на мандатот на Заев.

- Реклама -