Г7 загрижени за вештачката интелигенција, во Хирошима ќе разговараат за меѓународни правила и ChatGPT

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска најави дека лидерите на земјите од Г7 на состанокот во мај во Хирошима ќе разговараат и за системот за вештачка интелигенција ChatGPT.

За време на состанок со уредниците на јапонските регионални весници, Кишида рече дека „неопходно е да се создадат меѓународни правила“ за употреба на системи за вештачка интелигенција (AI).

Членовите на Европскиот парламент оваа недела ги повикаа светските лидери да организираат самит за контрола на развојот на системи за вештачка интелигенција.

МИА

Прочитајте и:  Си: Вештачката интелигенција не смее да биде игра на богатите земји и луѓе
- Реклама -