Г7: Ќе продолжиме да воведуваме економски санкции кон Русија

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Групата седум (Г7) соопштија денеска дека нивните земји ќе продолжат да наметнуваат економски санкции кон Русија и ја повикаа меѓународната заедница да го осуди „бруталниот експанзионизам“ на Москва.

Во соопштението на Г7 се наведува дека најбогатите земји ќе продолжат да наметнуваат дополнителни економски санкции за поединци и ентитети во и надвор од Русија кои пружаат политичка или економска поддршка на кршењето на меѓународното право.

Западните земји воведоа економски санкции кон Русија поради нападот на Украина, со цел да ги ослабат руските сили.

МИА

Прочитајте и:  Путин: Русија истрела балистичка ракета со среден дострел кон Украина
- Реклама -