Јелена Ѓоковиќ, сопругата на познатито тенисер Новак Ѓоковиќ, пред една недела го донесе на свет својот син Стефан, а веќе им се врати на обврските.
„Иако не сака да се одвојува од бебето, Јелена се труди да не ја запостави работата во фондацијата на својот сопруг. Таа и Новак се надеваат дека на овој начин на Стефан ќе му бидат добри примери за одговорност,“ вели близок пријател на парот.
На првата фотографија по породувањето Јелена е облечена во едноставна бела маичка, со розови панталони и розови очила, а со оглед на нејзината фигура неверојатно е дека таа штотуку се породила.