Лажниот принц Стефан Чернетиќ е во Македонија и тоа јавно го објавува на своите социјални мрежи и официјалната веб-страница.
Чернетиќ се пофали дека архиепископот г.г. Стефан го крштевал неговиот син Константин.
Како се случило првиот човек на МПЦ-ОА да биде дел од оваа церемонија и да не забележи дека лажниот принц се декларира за принц на Македонија, не им е јасно ни на дел од владиците членови на синодот, кои не можат да поверуваат на информацијата.
Тој специјално од Скопје заминал во Охрид да го крштева синот на лажниот принц.