На 19 март во Лондон, во организација на аукциската куќа „Kerry Taylor“, ќе биде одржана уште една аукција на која ќе бидат понудени голем дел од фустаните кои некогаш ги носела принцезата Дајана.
Станува збор за креациите од познатите брендови Catherine Walker, Zandra Rhodes, Belleville Sassoon и Bruce Oldfield.
Следбениците на стилот на оваа модна икона ќе имаат можност да станат сопственици на некој од фустаните во кои легендарната принцеза се појавувала на свечените приеми и средби со другите истакнати личности.
Средствата кои ќе бидат собрани од аукцијата ќе бидат искористени за хуманитарни цели. Без сомневање, тоа со задоволство би било одобрено од Леди Ди. Организаторите предвидуваат дека ќе бидат собрани од 20 до 200 илјади фунти од еден фустан.