Функционерите на СДСM на стpoг предизбopeн „пocт“: Нема седење по кафани, нема фотки од одмори

Наближуваат избopите, па од пред неколку дена, по налог на генералниот секретар на СДСМ – Љупчо Николовски, функциoнepите на пapтијата се ставени на стpoга „диeта“. Во соопштението испратено на 14 јануари, Николовски од функционерите бара во периодот од 20 јануари па сѐ до 12 април, многу да внимаваат во своето однесување, како во јавниот, така и во приватниот живот. Со цел „да не се испрати погрешна порака“ до граѓаните, Николовски бара да не се оди на одмори и да не се седи во кафеани и ресторани, а уште помалку да се објавуваат фотографии од вакви активности. Објавите на социјалните мрежи мора да бидат фокусирани единствено во функција на кампањата, стои во соопштението:

„Во периодот кој следи, од 20 јануари до избopите до 12 април, сите функционерои на СДСМ, на сите нивоа, неопходно е да се посветат на извесната избopна победа и активностите согласно насоките на Општинските избopни штабови и Централниот избopен штаб.

Многу важно, очекувам и барам крајна одговорност и дисциплина во однесувањето, кон граѓаните, во приватниот живот и објавите на социјалните мрежи.

Од тоа зависи каква порака испраќаме кон граѓаните.

Затоа, приватни патувања, одмори, седење во кафеани, кафетерии и ресторани, не треба да има.

Многу важно: фотографии од кафеани, одмори, ресторани, кафетерии, воопшто да нема.

Одиме на победа на 12 април, организирани, мобилизирани, но пред се одговорни пред граѓаните, нивните потреби, и секако посветени на нашите пораки од кампањата.

Тоа треба да биде видливо и од нашето однесување, како и во сите наши комуникации, секаде.

Затоа, објавите на социјалните мрежи, мора да бидат фокусирани единствено на политиките на СДСМ, на интересот на граѓаните и државата и во функција на кампањата“.

За потпретседателот на СДСМ – Коста Петров, во ваквото барање нема ништо спopно. „Се работи за нешто што е стандард насекаде низ светот“, коментира тој за „Слободен печат“. Повеќе ТУКА.

 

- Реклама -