Фуере: Покрај Северна Македонија, големина мора да покаже и Софија во спорот со Скопје

Освен Северна Македонија и Софија мора да покаже големина во спорот со Скопје, изјавил поранешниот амбасадор на Европската Унија (ЕУ) во земјава, Ерван Фуере, за порталот indeks.mk, говорејќи за процесот на уставни измени во државата и за спорот меѓу Скопје и Софија.

„Изборите пред македонскиот народ се тешки. Ако Бугарија сака да биде запаметена како земја членка на ЕУ која ги почитува и се придржува до основните принципи на човековите права и основните вредности на кои се заснова ЕУ, тогаш мора да ги прифати и спроведе одлуките на Европскиот суд за човекови права во однос на македонското малцинство во Бугарија по одобрувањето на уставните измени од парламентот на Северна Македонија“, изјавил Фуере.

Извор: МИА

- Реклама -