Фудбалските судии ќе учат говор на телото за да препознаваат „нуркачи“ (видеа)

Роналдо Откако УЕФА се фати во сопствената стапица со двојните стандарди кога најпрво го суспендираше Едуардо од Арсенал за „нуркање“, а потоа ја повлече казната зашто по истиот критериум ќе требаше да ја суспендира цела Италија и најголемите „ѕвезди“ од Премиер лигата, сега ќе ги едуцира судиите како да препознаваат „нуркачи“.


Откако УЕФА се фати во сопствената стапица со двојните стандарди кога најпрво го суспендираше Едуардо од Арсенал за „нуркање“, а потоа ја повлече казната зашто по истиот критериум ќе требаше да ја суспендира цела Италија и најголемите „ѕвезди“ од Премиер лигата, сега ќе ги едуцира судиите како да препознаваат „нуркачи“.

ДрогбаНормално, како и секогаш, на помош се повикани психолозите. Со науката за говорот на телото, многу е лесно да се препознае однесувањето на оние што на нечесен начин сакаат да заработат слободни удари и пенали. Иако некои играчи на моменти знаат да одглумат претстава вредна за Оскар (Руни, Жерард, Лампард итн.), најчесто самото тело ги издава „нуркачите“.

Кога некој паѓа по прекршок, исфрлајќи ги рацете нагоре или широко на страна, а истовремено ги витка колената, тогаш повеќе од јасно е дека глуми. Ничие тело не преминува во таа положба по удар, особено не кога ударот е силен. Инстинктот наложува по болката, телото да се склопчи во позата фетус, која инстинктивно се асоцира со безбедност.

Во листата на трикови што ќе им бидат предочени на судиите спаѓаат сите неприродни движења кои ги користат фудбалерите за да го привлечат вниманието на официјалните лица. Еве неколку примери:

Кристијано Роналдо
{youtube}irIhuA3_TGY{/youtube}

Руни, „нуркач“ уште од 2004 година (внимавајте од 25 до 40 секунда)

{youtube}05ttK_ThHXc{/youtube}


Но, клубовите секогаш ќе се трудат да ги надмудрат судиите – „нуркачката“ школа на Манчестер Јунајтед
{youtube}sTr3bndGf7Y{/youtube}

- Реклама -