Што би направиле и како би се однесувале вие, доколку најдобрата светска фудбалска репрезентација дојде во вашето родно место? Бразилскиот фудбалски тим отиде во Хаити на еден мировен натпревар и можете да погледнете од видеото што се случуваше. Плус, бонус Роналдињо икона:)
На мечот кој се одигра пред околу 2 месеци Роналдињо го постигна победничкиот гол за Бразил. Овие фудбалери беа дочекани како светци во овој крај, кој последните неколку месеци е кризно подрачје поради воени дејствија.
Познаваме човек кој ликот и талентот на најдобриот светски фудбалер за 2005 – Роналдињо, го поистоветува со светците и редовно му пали свеќи и остава ситни пари пред иконата. Не се работи за обложувачки фанатик, туку за вистински заљубеник во фудбалската игра и бразилскиот фудбалски полу-бог.
Светското првенство во Германија се ближи, па доколку вашиот фаворит е Бразил, еве една икона од светецот лично која ќе може да ја ставите над вашиот телевизор додека навивате.
Никој нема да помисли дека сте полуделе, Роналдињо е навистина „светец на фудбалските терени“.
Бразилската репрезентација во Хаити (видео)