Фудбалскиот октомври низ карикатури

Октомври ни понуди многу фудбалски емоции, а уште не е завршен.

Големите лиги веќе влегоа во вистинска битка, ги преполовивме натпреварите од групната фаза на Лигата на Шампионите, 20 екипи се пласираа за Евро 2016 и ги чекаме останатите четири – победниците во плеј-офот.

Станаа јасни имињата на 23-та фудбалери кои ќе се борат за најголемата индивидуална награда во фудбалот – “Златната топка”.

Неколку рекорди беа соборени, а беа постигнати и зачудувачки голови.

Споменативе и уште многу други настани го привлекоа вниманието на карикатуристите кои повторно се фатија за работа.

Арсенал, Ливерпул, Манчестер Сити, Челзи - Вест Хем поминува низ гигантите со голем чекан во рацете
Арсенал, Ливерпул, Манчестер Сити, Челзи – Вест Хем поминува низ гигантите со голем чекан во рацете
Избувнувањето на Жозе Мурињо против судијата станува брутално
Избувнувањето на Жозе Мурињо против судијата станува брутално
Јирген Клоп дојде како спасител во Ливерпул, но ...
Јирген Клоп дојде како спасител во Ливерпул, но …
Кристијано Роналдо е гол мајстор број 1 во историјата на Реал, откако го собори рекордот на Раул
Кристијано Роналдо е гол мајстор број 1 во историјата на Реал, откако го собори рекордот на Раул
Планетата на Меси и Роналдо има нов жител
Планетата на Меси и Роналдо има нов жител
По Меси и Роналдо, да очекуваме ли филм и за Златан?
По Меси и Роналдо, да очекуваме ли филм и за Златан?
Реал Мадрид во минатата сезона и сега
Реал Мадрид во минатата сезона и сега
Робин ван Перси пред малку повеќе од една година и сега
Робин ван Перси пред малку повеќе од една година и сега
Среќен роденден Вејн Руни!
Среќен роденден Вејн Руни!
Франческо Тоти го смирува Буфон, откако голманот на Јувентус не се најде меѓу 23-цата кандидати за Златната топка
Франческо Тоти го смирува Буфон, откако голманот на Јувентус не се најде меѓу 23-цата кандидати за Златната топка
На 22-ри, менаџерот на Арсенал наполни 66 години
На 22-ри, менаџерот на Арсенал наполни 66 години
За сите овие години, филозофијата не му е променета
За сите овие години, филозофијата не му е променета

- Реклама -