Жена ми не ме пушта – ова е најчестата причина поради која мажите во Западниот свет пропуштаат одвреме-навреме фудбал и пиво со пријателите.
На Исток сепак е различно. Во Иран еден сопруг и забрани на својата жена да ја практикува својата омилена игра.
При тоа 30-годишната Нилуфар Ардалан е капитен на локалната репрезентација. Таа добила покана за турнирот на Азиската федерација во Малезија во септември, но не успеала да замине заедно со тимот.
Според законите на исламот на секоја жена и е потребна писмена дозвола од сопругот за да го обнови својот меѓународен пасош, а партнерот на Нилуфар – Мехди Тутунчи, категорично одбил. Иако е спортски новинар и соодветно има специјален однос кон фудбалот, тој инсистирал Ардалан да остане дома поради првиот училишен ден на 7-годишниот син.
Да ја откриеш Америка
Огорчената Иранка се свртела кон властите и практично започнала мала револуција. Таа доби специјална дозвола да патува за светското првенство во футбал во Гватемала.
“Обвинителот нареди дека имам право на привремена меѓународна виза – објасни фудбалерката со прекар Лејди Гол. – Ги замолив државните органи да најдат некакво решение кое ќе ги штити правата на спортистките во слични ситуации. Како муслиманка сакам да работам за доброто на татковината. Тоа е моја должност “.
Согласно шеријатот жените немаат право да посетуваат спортски манифестации или јавно да поддржуваат тим или трки. Забраната беше воведена по револуцијата во земјата од 1979 година. Причината – спортистите се полуголи и понекогаш користат експлицитни непристојни зборови.
Што се однесува до патувањето во странство – немажените жени до 18 години треба да добијат дозвола од својот татко, а мажените – да чекаат дозвола од сопругот. Право на слободно движење имаат само возрасните немажени жени.
Прашањето беше покренато во јуни 2014 година, кога иранските власти ја уапсија Британката со двојно државјанство Гонче Гавами заради посета на одбојкарски натпревар. Таа беше осудена на 12 месеци затвор поради “пропаганда против правниот систем”, но беше ослободена по 90 дена поради протест од голем број организации за човекови права.
Минатото лето потпретседателот на Иран за прашањата со жените и семејството Шахиндохт Молаверди соопшти дека на роднините на натпреварувачите, како и на спортски новинарки, им се овозможува да посетат дуели во кошарка, ракомет, одбојка и тенис. На црната листа сепак останаа фудбалот, борбата и пливањето.
Затворен шампионат
Во исламските земји спортот беше табу за жените со векови. Дури во последно време канџите се поотпуштија – претставничките на понежниот пол веќе можат да се занимаваат со фитнес и да учествуваат на Олимписките игри и светските првенства. Најпопуларни се женската кошарка, фудбалот, боксот, атлетиката и кревањето тегови.
Еден од главните проблеми е облеката. Религијата бара надвор од домот телото да биде покриено од глава до петици. Затоа спортистките прибегнуваат кон секакви трикови, а неодамна беа дизајнирани специјални тренерки со хиџаб.
Во Техеран беше изграден уникатен парк, каде жените имаат можност да вежбаат при максимално комфорни услови – отворени и затворени базени, тениски игралишта, фудбалско игралиште, патека за ролери.
Се повеќе муслиманки ги претставуваат земјите на Олимпијади. Во 2012 година во Лондон имаше учеснички од Иран, ОАЕ, Авганистан, Катар, Саудиска Арабија и Брунеи. Малкумина знаат дека на секои 4 години во Азија се одржуваат специјални игри за жени. Првото издание се одржа во 1993 година, а во 2004 година беа примени и атлетичарки од немуслимански земји.