Пред неколку дена Хрватска го пречека ривалот Унгарија во рамки на квалификациските натпревари за фудбалското Европско првенство во 2020-та. Домашната репрезентација го доби „дербито“ со резултат од 3:0, но натпреварот, барем во рамки на поширокиов балкански простор, го одбележа нешто друго. Не зборуваме за инцидентите и yaпceните, туку „концертот“ кој го приредија навивачите на трибините на стадионот „Пољуд“ во Сплит.
Околу 30.000 грла на трибините воопшто не се штедеа кога од звучниците беше пуштена „Цесарица“ на покojниот Оливер Драгојевиќ, покажувајќи колку многу им значи овој пејач на Хрватите. Погледнете: