Фудбалски хипстерај

Бушави бради, капи, старомодни очила … Нема начин да утнете со описот на еден класичен хипстер, освен кога изгледот од овој тип станува предводник во модните трендови.

Работите се комплицираат уште повеќе со воведувањето на концептот “фудбалски хипстер”. Овие фраери едвај чекаат да дојде викендот, за да ја изразат јавно згрозеноста од комерцијализацијата на најпопуларната игра во нејзиниот современ вид.

hipsteri na fudbal

Некои клубови – макар и без да се работи за посакуваниот ефект, се претворија во нивен симбол. Комбинираат неколку задолжителни елементи – речиси целосно отсуство на успеси на теренот, статус на храбри аутсајдери, убав тим за гостувања, учества во добротворни иницијативи, здрави врски со локалната заедница и гестови на толеранција кон малцинствата, често игнорирани или отворено презирани од приврзаниците на “конвенционалните “тимови.

Многу од предметните клубови се делумно или целосно во сопственост на своите фанови. Ви претставуваме шест од нив.

Сент Паули

hipsteri1

Локација: Хамбург, Германија. Основан: 1910 година. Со своите непривлечни бои од кафеавиот спектар, амблем со череп и непоколеблива преданост кон достојни каузи, Сент Паули е веројатно првиот клуб кој ја привлече ослободената хипстерска свест. Постојано се натпреварува во трите врвни лиги, а во моментов е на четвртата позиција во Втората Бундеслига.

Реал Овиедо

hipsteri2

Локација: Овиедо, Шпанија. Основан: 1926 година. Ова е тимот на Санти Казорла и Хуан Мата. Денес се наоѓа удобно сместен во средината на табелата во Втората дивизија. Опстанокот на клубот беше под огромен прашалник, откако во 2011 година падна во тешка финансиска криза. Приврзаници, бизнисмени и поранешни фудбалери успеаја да соберат 2 милиони евра само за ден. Акции купија 40 000 хипстери, обединети од идејата со седиште во 190 земји во светот.

Портланд Тимберс

hipsteri3

Локација: Портланд, САД. Основан: 2009 година. Екипата е поддржана од армија современи хипици кои секогаш го полнат до крај стадионот со капацитет за 21 144 гледачи. Погодоците се слават со по едно засадено дрво.

Рајо Валекано

hipsteri4

Локација: Мадрид, Шпанија. Основан: 1924 година. Клубот се најде во центарот на вниманието минатата година, кога играчите и фановите собраа средства за 85-годишна жена, исфрлена од дома поради нефункционални кредити на нејзиниот син. И тоа е само уште една од серијата слични кампањи.

Ливорно

hipsteri5

Локација: Ливорно, Италија. Основан: 1915 година. Токму во Ливорно е основана Италијанската комунистичка партија во 1921 година. Затоа не е чудно што еден век подоцна на трибините често можат да се видат ликот на Че Гевара и Фидел Кастро. Приврзаниците на тимот често веат знамиња и на Палестина и Ирска. Звучи како рајот на хипстерите.

Дулвич Хамлет

hipsteri6

Локации: Дулвич, Велика Британија. Основан: 1893 година. Клубот се наоѓа во седмата лига на англискиот фудбал. Фановите активно поддржуваат манифестации како геј паради и борба против расизмот. Неодамна екипата покани на пријателски натпревар тим составен од фудбалери со нестандардна сексуална ориентација.

- Реклама -