Фудбалска хуманитарна акција на најголемиот мобилен оператор

logo-mal-fudbal-finalНајголемиот мобилен оператор во Македонија T-Mobile за своите деловни пријатели организира турнир во мал фудбал кој ќе се одржува на 17, 18, 24 и 25 октомври, а на 31 октомври ќе се одигра финалниот натпревар. Турнирот има хуманитарен карактер и во него ќе учествуваат менаџерските тимови од поголем број компании во Македонија – клиенти на T-Mobile, кои ќе донираат парични средства што преку Фондацијата T-Mobile за Македонија ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

logo-mal-fudbal-finalT-MOBILE ОРГАНИЗИРА ХУМАНИТАРЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ

Најголемиот мобилен оператор во Македонија T-Mobile за своите деловни пријатели организира турнир во мал фудбал кој ќе се одржува на 17, 18, 24 и 25 октомври, а на 31 октомври ќе се одигра финалниот натпревар. Турнирот има хуманитарен карактер и во него ќе учествуваат менаџерските тимови од поголем број компании во Македонија – клиенти на T-Mobile, кои ќе донираат парични средства што преку Фондацијата T-Mobile за Македонија ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Ова е уште еден од големите настани поврзани со фудбалот кои се одржуваат по иницијатива и организација на најголемиот мобилен оператор во земјава, по националниот турнир за сите љубители на фудбалот, дружењата со најдобрите македонски фудбалери, рекреативните настани, преносите на шампионските натпревари во живо на градскиот плоштад во Скопје и другите фудбалски авантури.

T-Mobile во рамките на своето општествено одговорно работење, често се јавува како организатор на хуманитарни акции, а овој пат се отвара можност преку рекреацијата што ја нуди малиот фудбал, во хуманитарни цели заедно да се вклучат повеќе македонските компании.

- Реклама -