По крајот на дуелот помеѓу Атлетико МГ и Арсенал Саранди, фудбалерите на гостинскиот тим решија да се пресметаат со полицијата.
Тепачки и турканици по крајот на натпреварот е честа појава на средбите од Јужна Америка, но инцидентот на вчерашниот дуел помеѓу Атлетико МГ и Арсенал е нешто што ретко се случува.
Атлетико МГ одново со 5-2 славеше над Арсенал, а по финишот на средбата гостинските фудбалери тргнаа кон судиите за да им замерат за некои од одлуките.
Полицајците веднаш истрчаа на теренот за да ги заштитат официјалните лица, па фудбалерите од Аргентина неможејќи да стигнат до судиите решија гневот да го изразат врз луѓето задолжени за редот.
Според медиумите од Бразил, полицијата морала да употреби гумени куршуми за да ги смири гостинските фудбалери, а потоа петмина играчи биле повикани на испрашување.
[youtube]http://youtu.be/Bn66G9aJoNE[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.