Нигерискиот фудбалер Чинонсо Хенри го загуби својот живот на фудбалскиот терен, откако колабираше на мечот меѓу Делта Тулчеа и Балотешти од романската втора лига.
Хенри одеднаш паднал како покосен на теренот, загубил свест, а лекарските екипи не успеале да го реанимираат и да го вратат во живот.
Фудбалскиот меч се играл на екстремно висока температура од преку 40 степени целзиусови. Романските медиуми информираат дека Чинонсо Хенри бил женет со романска државјанка, а тие пред четири месеци добиле близнаци.