ФТ: Чешка сака чекалната на ЕУ да ја направи „погостопримлива“, со практични предности за кандидатскиот статус

Лондон, 11 јули 2022 (МИА) – Чешка, која го презеде претседавањето со ЕУ на почетокот на јули, активно размислува за подобрување на процесот на проширување, а еден од фокусите, според официјалните претставници во Прага, е да му даде на кандидатскиот статус некои предности, освен само титула и бирократски процеси, објави „Фајненшл тајмс“ (ФТ).

Идејата е од ситуација „сѐ или ништо“ чекалната на ЕУ да стане многу „погостопримливa“, поттикнувајќи ги кандидатите и населението да се ангажираат.

Шефот на чешката дипломатија, Јан Липовски, се согласи дека проширувањето е толку долг процес што би било добро да им се даде на кандидатите за членство „нешто практично“ што ќе ја подобри позицијата на ЕУ и ќе донесе економски придобивки.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

„Тоа оди рака под рака, иако поинаку, со дебатата за создавање на поширока заедница на европски земји, кои претставуваат заеднички вредности. Таа заедница може да вклучува земји како Велика Британија, кои не покажуваат интерес да бидат членки на Унијата“, наведува ФТ.

Британскиот весник посочува дека Прага, исто така, понуди во октомври да биде домаќин на неформален самит на лидерите на ЕУ и земјите кои не се членки.

ФТ истакнува дека сето ова го одразува ставот дека ЕУ, соочена со рускиот напад врз демократските вредности во Европа, не може да си дозволи одбранбен пристап, туку ќе мора да ги покаже предностите на либералниот поредок врз основа на правилата што ги прокламира.

- Реклама -