Фризури за кратка коса

Кратката коса некогаш беше резервирана само за мажите, но денес тоа стана симбол на храброст и самодоверба кај жените. Кратките фризури особено го истакнуваат лицето, па затоа најмногу одговатаат на жени кои имаат овално лице, рамна коса и нежни црти на лицето. Сепак, денешните вешнити на фризерите и различните типови на кратка фризура овозможуваат на сите да ја најдат идеалната фризура за себе. Потребни се само мала количина на самодоверба, храброст и вешта рака на професионалец.

Ако и вие сте размислувале за промена на фризурата, ние ви носиме неколку предлози:

Асиметрична и разбушавена фризура

Овој тип на фризура може да се прилагоди на секоја форма на лице, но оддржувањето често бара повеќе посветеност, кратење еднаш месечно и време плус за оформување. Сепак, предноста на оваа фризура е во тоа што со мала промена во шминката, немирната фризура во еден момент може да стане гламурозна и обратно.

Untitled-16 Untitled-17

Момчешка фризура

Момчешката фризура е апсолутен хит, а нејзината популарност главно беше под влијанието на Ема Вотсон. Овој тип на фризура најдобро одговара на оние кои имаат убави лица и младешки изглед, а во исто време може да изгледаат многу женствено. Овие фризури не бараат премногу време за обликување, но честото шишање е задолжително.

Untitled-18 Untitled-19

Ретро фризура

Ретро кратката фризура е многу женствена и гламурозна, а одлично се вклопува на жени со кадрава коса. Иако нејзиното обликување може да биде доста тешко, овие фризури се идеални за посебни и формални прилики. Совршено одговара нагласена шминка и различни додатоци на косата.

Untitled-20 Untitled-21

Шик фризура

Шик фризурата совршено одговара на личности со андроген изглед, ситно лице, а особено ако е со овална форма. Овие фризури се идеален избор за различни деловни и свечени пригоди, а нивното обликовање е прилично едноставно. Меѓутоа, ако имате високо чело и тркалезно лице, оваа фризура не е вистинскиот избор за вас.

Untitled-22 Untitled-23

Женствен мохавик фризура

Оваа фризура може да биде многу разновидна и женствена, а одговара речиси на сите стилови. Дали тоа е разиграна, ретро или шик, женската мохавик фризура секогаш привлекува внимание, и со малку имагинација, може да биде обликувана на различни начини и на тој начин да се прилагоди за сите ситуации. Оваа фризура не е препорачлива ако имате долгнавесто лице.

Untitled-24 Untitled-25

- Реклама -