Олимпискиот тим на Франција го протера скијачот Матје Фавр (Mathieu Favre) од Олимписките игри во Пјонгчанг, и тоа само поради една недолична изјава.
Која ли е таа изјава што може да те збогува од Олимписките игри?
Имено, Фавр заврши на седмо место во велеслаломската трка, во која неговиот земјак Алексис Пинтуро (Alexis Pinturault) освои бронза, а Томас Фанара и Виктор Муфо завршија петти и шести. Кога неколку минути по неговиот настап го прашаа Фавр за својот и настапот на неговите колеги, тој одговори:
„Знаеш колку ми е гајле за резултатите на другите? … Јас овде се натпреварувам само за себе. Мислев дека возам одлично во текот на втората трка, а кога го видов резултатот на семафорот се чувствував како некој да ми удрил шамар“, рече Фавр на телевизија.
Вистинскиот шамар, сепак, дојде следниот ден, кога директорот на скијачката репрезентација му соопштил дека е исфрлен од тимот и дека слободно може да си тера дома.