Француските власти: Ни се заканува најлош економски пад од Втората светска војна

Франција најверојатно годинава ќе го доживее најлошиот економски пад од Втората светска војна, изјави францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер.

„Најлошото ниво на економски раст во Франција после 1945 година изнесуваше -2,2% во 2009 година по финансиската криза од 2008 година. Веројатно оваа година ќе биде полошо отколку во 2009 година“, рече Ле Мер, пренесува ДВ.

„Тоа покажува како се соочуваме со голем економски шок“, додаде тој.

Француската влада минатиот месец за време на итно ажурирање на буџетот оцени дека економијата оваа година ќе биде на -1%, но од тогаш таа прогноза е сменета.

Во Франција досега се забележани над 90.000 случаи на зараза со новиот коронавирус. Починале вкупно 8.078 луѓе, а повеќе од 16.000 оздравеле.

- Реклама -