Францускиот претседател Макрон доби шамар од „обожавател“ (ВИДЕО)

Претседателот на Франција – Емануел Макрон, денеска доби мошне непријатно изненадување при посетата на Дром (регион во југоисточна Франција) во рамки на турнејата низ земјата.

Како што може да се види од видеото што како пожар се прошири низ социјалните мрежи ширум светот, Макрон, понесен од аплаузите на собраната помала група поддржувачи, со трчање се упати кон нив и почна да се поздравува, без да насети дека не сите му се така благонаклонети. Тогаш млад човек од групата му ја стисна раката, му се претстави како анархист и му удри шамар, извикувајќи „Долу макронизмот!“.

Обезбедувањето веднаш реагираше и го повлече Макрон уште пред овој да се свести што му се случило, а веднаш потоа и го неутрализираше напаѓачот. Како што известуваат светските агенции, резултатот е две уапсени лица.

Прочитајте и:  Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ

По инцидентот, Макрон ја продолжил својата агенда.

- Реклама -