Протестот за поддршка на палестинскиот народ во Париз, на повик на повеќе организации, закажан в сабота, ќе биде забранет, соопшти париската полиција.
Директорот на париската полиција Лоран Нуњез за Франс инфо објасни дека ќе го забрани протестот бидејќи истиот може да се смета дека организаторите го поддржуваат Хамас.
Групата „Ургенс Палестина“ (Urgence Palestine) составена од неколку здруженија, синдикати и политички организации, повика на „голем протест за поддршка на палестинскиот народ“ в сабота во 14 часот и 30 минути во Париз, на плоштадот Шател.
На 18 октомври, францускиот Државен совет ја потсети Владата дека пропалестинските протести не треба систематски да се забрануваат и дека само префектите можат да проценат дали постои ризик од нарушување на јавниот ред и мир.
„Остануваме на нашиот апел, подготвуваме правни чекори и ќе продолжиме со нашиот ангажман“, изјави претставник на „Ургенс Палестина“.
Минатата недела се одржа пропалестински митинг на париската Плоштад на Република, на кој според полицијата учествуваа 15.000 луѓе.
МИА