Француската „единица“ Лорис стави крај на репрезентативната кариера!

Француската „единица“ Уго Лорис, голманот на лондонски Тотнем ја заврши репрезентативната кариера после цели 14 години како го носеше дресот на „триколорите“, со кои беше светски првак во 2018 година, а минатиот месец играше второ финале на СП во Катар.

 

Лорис постави рекорд на Мундијалите со 20 настапи, како единствен голман во историјата кој успеал да собере толку мечеви на најголемиот фудбалски собир, а е рекордер по број на настапи за француската репрезентација.

Тој дебитираше во ноември 2008 година, а од 2010 година е капитен на Франција, има и едно финале на Еуро 2016.

- Реклама -