За прв пат во историјата вакцина против ХИВ влезе во втора фаза на тестирање, пренесоа агенциите.
Терапевтската вакцина е развиена од француската фирма Biosantech и добила одобрение од Француската национална агенција за безбедност на лековите. При нејзиното користење не е забележана никаква токсичност.
Вакцината штити против сите варијанти на СИДА. Таа го содржи протеинот Tat. По неговото производство вирусот го дерегулира имунолошкиот сиситем и уништува имуни клетки.
Вакцинирањето на серопозитивните ќе му помогне на нивниот имунолошки систем да ги препознае варијантите на протеинот Tat во нивната крв. Неутрализирање на овие опции ќе придонесе за обновување на имунолошкиот систем и за отстранување на заразените со ХИВ клетки. Намалувањето на бројот на заразените клетки би требало да доведе до стабилизирање на количеството на вирусот во организмот, без прибегнување кон тројна терапија.
Првата фаза од тестирањето започна во април 2013 година и беше целосен успех, бидејќи несакани ефекти поврзани со вакцината, не беа откриени при тестирање на 48-те серопозитивни пациенти, се вели во коминикето на Biosantech. Целта на втората фаза е да се потврди отсуството на несакани ефекти кај поголем број пациенти и да се утврди дека количината на вирусот во крвта е намалена до невидливи нивоа 2 месеци по прекинот на тројната терапија.