Франција остана без прв човек во фудбалот: Ле Грае принудно даде оставка по скандалите!

Светскиот вицепрвак Франција остана без прв човек во фудбалот откако вонредниот Извршен комитет на ФФФ денеска го смени актуелниот претседател Ноел Ле Грае, па на негово место привремено решение до избор на нов претседател ќе биде потпретседателот Филип Дијало.

Ле Грае скапо ги плати последните скандали со глупирањето со изјавите за Зинедин Зидан после кои жестоко му се пуштија безмалку сите актуелни репрезентативци предводени од Килијан Мбапе, а потоа и за скандалот со сексуалното вознемирување на вработена во федерацијата, а на сѐ дојде и ревизијатата од страна на министерството за спорт.

Ле Грае се повлекува сега од функцијата и токму во момент кога поднесе кандидатура да биде член на Советот на ФИФА за четиригодишен мандат за изборниот Конгрес на УЕФА закажан за 5 април.

- Реклама -