Франкфурт 2013: Mazda 3

Новото издание на Mazda 3 е меѓу премиерите на започнатиот автомобилски салон во Франкфурт. Моделот доаѓа во верзии хечбек и седан и се придржува кон стилот на „шестката“, која бележи фантастични резултати на светските пазари.

Во палетата влегуваат четири можности за моторите, сите од новата технологија SKYACTIV – 1,5 -литарски бензински атмосферски со максимална моќ од 100 и 150 Nm вртежен момент. Со него се гарантира 10,7 сек забрзување и 185 km/h максимална брзина; 2.0 со 120, или со 165 KS и двете верзии со макс. вртежен момент од 210 Nm. Тука податоците соодветно се 8,8 и 8,2 секунди и 198 или 210 km/h; 2,2 турбо дизел мотор кој развива 150 КЅ и солиден вртежен момент од 380 Nm. Оваа опција до стотка забрзува за 8 сек со максимална брзина од 213 km/h.

957_Mazda-3-470-2

За моторите Јапонците ветуваат многу прецизен и брз старт-стоп систем кој се префрла за 0,35 секунди за бензинските агрегати и за 0,40 сек за дизелските. „Тројката “ ќе генерира и енергија при сопирање, а резервите ќе ги задоволат потребите на патната електроника. Потрошувачката на моторите е скромна.

Моторите се комбинираат со 6-брзински мануелен или автоматски менувач. Очекувањата за возноста на новата тројка се големи.

За забава на одборот на возилото се грижи мултимедијален систем последен крик на технологијата. Таа се управува од 7-инчниот централен дисплеј гласовно или од вртлив прекинувач. Како што диктира модата во последно време, возилото е поврзан со Facebook и Twitter, освен тоа има богат фонд на аудио книги, само се прашуваме кога ќе му остане време на човек да вози од сето тоа. Се поврзува со надворешни уреди преку Bluetooth или USB .

Останува да дополниме дека Mazda3 ќе е првиот автомобил во својата класа, кој ќе има хедап дисплеј.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -