Французите ќе го забранат препливувањето на Ламанш

пливањеПрепливувањето на Ламанш било предизвик за сите амбициозни спортисти уште од девентнаесетиот век. Но француската крајбрежна стража сега сака да им забрани на луѓето да се обидуваат во името на безбедноста. Тие тврдат дека дека 34-те километри се премногу опасни поради густиот поморски сообаќај.

Препливувањето на Ламанш било предизвик за сите амбициозни спортисти уште од девентнаесетиот век. Но француската крајбрежна стража сега сака да им забрани на луѓето да се обидуваат во името на безбедноста. Тие тврдат дека дека 34-те километри се премногу опасни поради густиот поморски сообаќај.

пливањеСпоред Французите, зголемениот број на бродови кои секојдневно поминуваат низ Ламанш, до 500 бродови дневно, би го довеле животот на секој што ќе се обиде да го преплива во опасност. Тие велат дека имало драматично зголемување на бројот на луѓе кои се обидуваат да го направат овој подвиг по успешното препливување на комичарот Дејвид Вaлијамс познат од популарното шоу „Мала Британија“.

Претставници на француската крајбрежна стража тврдат дека ова значи дека можноста за несреќи е зголемена, и дека мора по секоја цена да се забрани препливувањето. Но, британските здруженија кои организираат препливувања на протокот велат дека нивните преминувања се безбедни и добро организирани. Препливувањето на Ламанш се соочило со слична судбина пред 17 години кога Франција им забранило на пливачите да ја користат рутата од Кале до Довер, но по преговори со здруженијата кои им помагаат на оние кои сакаат да го прифатат овој предизвик, забраната била отстранета. [French Coast Guard official wants to ban swimming across the English Channel]

- Реклама -