FPS игра во која не користите оружје (видео)

играWarco е игра во прво лице во која играчите наместо оружје носат камера. Defiant Development, студио од Бризбејн, сè уште ја развива играта која е еден вид на колаборација; Defiant соработува со новинар и режисер за да создадат игра во која играчите ќе имаат улога на новинар испратен во воена зона.

Играта всушност била идеја на некој надвор од студиото. Тони Маниати, австралиски новинар кој има известувано од региони како Источен Тимор и пост-советска Источна Европа, ја замислил играта како еден вид на тренинг симулатор. Тој започнал да работи на проектот со Роберт Коноли, режисер на филмот „Балибо“, политички трилер за смртта на австралиски новинар за време на конфликтот во Источен Тимор во 1975 година. По некое време и Defiant Development се приклучиле на проектот.

„Ова е одлично партнерство, Тони ни овозможува играта да биде цврсто сместена во прашањата на военото новинарство од вистинскиот свет, Роберт ја споделува својата структурална и кинематографска визија а Defiant помага сето тоа да се спои во нешто интерактивно“ изјавил Морган Џафит од Defiant. „Ова овозможува нова перспектива на позната тема, која ни овозможува да користиме алатки и техники од други FPS игри за да изградиме комплетно различен тип на наратив и искуство. Од гледна точка на дизајн, тоа беше она што ме возбуди.“

Самата игра – чие име е кратенка од “war correspondent”, воен дописник – ја следи приказната на новинарот Џеси ДеМарко. Играчите ќе го искусат процесот на снимање на конфликти, одејќи во опасни ситуации вооружени само со камера. Тие потоа ќе ги монтираат нивните снимки во допис. Сценаријата во играта се разни, од експлозивни моменти на акција до тивки моменти во кои дискутирате за настаните од денот со своите колеги во хотел. Иако главната механика на играта ќе биде снимањето на акцијата, Warco исто така се фокусира и на избор.
 

Прочитајте и:  Во Австралија нема да има потреба од давање на лични податоци на социјалните мрежи

{youtube}sQlkYY88wLM{/youtube}

  „Играта е и за патување низ морално сив свет и носење одлуки кои имаат влијание врз луѓето,“ објаснил Џафит. „Играте е за наоѓање на приказната која сакате да ја раскажете, како што секоја средина е исполнета со различни елементи од приказната кои можете да ги снимате и да ги комбинирате на ваш начин. Ова е и начин за раскажување на приказна и акциона авантура со нова перспектива.“

Сценаријата се дизајнирани да потсетуваат на неодамнешните настани во Блискиот Исток и Северна Африка, во ситуации исполнети со вистинските искуства на Маниати. Игра која изгледа како FPS игра но не им дозволува на играчите да испукаат ниту еден куршум има потенцијал да биде проблематична за продавање, и еден неименуван издавач неодамна му кажал на студиото „тешко е да им се продаде на луѓето FPS без пукање, но ова е дефинитивно тип на игра која би требало да ја правиме, како индустрија.“

Warco била развивана во последните четири месеци и Defiant моментално преговара со неколку издавачи за да се обидат да ја донесат играта до пошироката публика. Кога тоа ќе се случи, и на кои платформи, сè уште не е одредено. „Оптимисти сме дека ќе најдеме начин да го направиме овој проект успешна комерцијална реалност.“ [Warco: an FPS where you hold a camera instead of a gun]

- Реклама -