Денес, од 13:00 до 16:00 часот 365.com.mk организираше колективно отклучување на Foursquare Swarm беџот во ТЦ Рамстор. На големо задоволство на многумина, значката беше отклучена а со неа и поволностите кои таа ги нудеше за 4sq посетителите на Рамстор.
Им честитаме на сите што денес беа во ТЦ Рамстор и ја добија! 🙂 Еве како изгледаше денешниот Foursquare Swarm низ бројки:
Чекирања пред Swarm собирот
Чекирања после Swarm собирот
Според овие бројки, за време на Swarm собирот од 13:00 до 16:00 часот во ТЦ Рамстор се чекирале 98 нови Foursquare посетители, а имало вкупно 230 чекирања.
Врвот на чекирањата изнесуваше 113 луѓе, па така оние што го видоа ТЦ Рамстор како тренд место на Foursquare имаа можност да го добијат беџот и после 16 часот. Отклучувањето траеше до 17:15, кога бројката на чекирани падна под 50 и постепено се намалуваше.
Во 13:00 часот, чекирањето за Swarm значката официјално започна. Радоста беше неизбежна 🙂
На ројот се придружија и неколку македонски компании кои го промовираа собирот.
Некои не беа во можност да дојдат во ТЦ Рамстор, па „ројот“ го следеа преку Twitter хаштагот #4sqmkswarm.
Оние што го отклучија беџот можеа да отидат во слаткарницата Stella и да го покажат, и притоа да добијат 50% попуст на кафе и сладолед.
Денешниот Swarm собир е уште една потврда дека социјални сервиси како Foursquare можат да се користат и за бизнис цели, нешто што само неколку места во Македонија го нудат засега. Повеќе за Foursquare и начините за негово користење можете да прочитате тука.
Пофалби за управата на ТЦ Рамстор, која во краток рок покажа разбирање за настанот, професионалност и помогна отклучувањето на Swarm беџот да се оствари.
Конечно, би сакале да им се заблагодариме на сите што дојдоа, се чекираа и со моќта на групата ја отклучија Swarm значката. Бројот на луѓе потребни за добивање на денешната значка беше повеќекратно надминат. Тоа ни дава за право да размислуваме за организација на Super Swarm собир, за што се потребни 250+ луѓе кои би го отклучиле овој беџ.
Следно: Отклучување на Super Swarm беџот? 🙂
250-ката е отклучена! 🙂 Повеќе тука.