Она што вчера започна како дискусија на нашиот Foursquare профил, викендов има шанса да се претвори во вистински рој (Swarm) луѓе во ТЦ Рамстор.
За оние што не знаат, Foursquare e гео-локациски сервис кој нуди преглед на места/локали обележани од други корисници, со помош на GPS и Google Maps. Дополнително, корисниците може да се чекираат, да станат „градоначалници“ на локали, да отклучуваат значки и сл.
Со неколку збора кажано, забава со секое излегување надвор! 🙂 Повеќе за Foursquare…
За да се добие Swarm значката потребни се минимум 50 луѓе, односно чекирања. Затоа, одлучивме собирот да го организираме во ТЦ Рамстор – Скопје на 26.02.2011 (сабота) помеѓу 13:00 и 16:00 часот (Рамстор на 4sq).
За да учествувате на настанот пријавете се на овој формулар. Дополнително, Twitter дискусијата можете да ја следите на хаштагот #4sqmkswarm, а креиран е и Facebook настан.
Ако пак немате телефон со Foursquare апликација и GPS локатор, тоа не е причина да не дојдете на собирот, затоа што може да се чекирате и преку http://m.foursquare.com.
Foursquare собирите за добивање на групни беџови не се ништо ново. Еве како тоа го прават во Англија за отклучување на Super Swarm беџот (250+).
{youtube}dQlbEOHCIgI{/youtube}
Дојдете во ТЦ Рамстор во сабота помеѓу 13:00 и 16:00 часот, чекирајте се и забавувајте се! И не заборавајте да ги известите пријателите кои користат Foursquare! Се гледаме таму! 😉
Апдејт: И ТЦ Рамстор се приклучи на Foursquare Swarm собирот! 50% попуст на кафе и сладолед во Stella (до Kid’s Land) за сите што ќе го отклучат Swarm беџот на 26.02.2011!
А4 плакат за Foursquare Swarm собирот (PDF)
Преземете го, отпечатете го и зголемете го ројот!
Голема благодарност за поддршка на настанот до:
IT.com.mk – Се спрема поход за Swarm значката на Foursquare. Придружете се на ројот.
Нова Македонија – Прв организиран Форсквер собир во Македонија
Комуникации.нет – Рој од луѓе: Масовно чекирање на Foursquare
Мандроид – Foursquare Македонија